• Зоран Мишевски
Најжестоките навивачи на грчкиот гигант Олимпијакос вчера попладне се судриле со полицијата за време на натпреварот против Панакаики, во рамките на грчкиот Куп.
Во 51.минута од натпреварот, фановите на клубот од Пиреја тргнале да се пресметаат меѓу себе, а откако полицијата интервенирала, навивачите се судриле со органите на редот.
Главниот судија Јанис Пападопулос на 15 минути го прекинал мечот, а полицајците употребиле и солзавец. Подоцна имало помали инциденти и надвор од стадионот.
Олимпијакос извојувал победа од 0-2 во потпросечен натпревар.