ВИДЕО: Хулиганите на ЦСКА Софија кршеа сѐ пред себе на „Васил Левски“

Сериозен инцидент се случи на натпреварот од финалето во бугарскиот плеј-оф помеѓу ЦСКА Софија и ЦСКА 1948. 

„Армејците“ немаа сили да се спротивстават на мотивираниот ривал и губеа со 0-2 на стадионот „Васил Левски“, а нивните навивачи пред крајот на мечот решија да влетаат на теренот и започнаа да кршат сѐ што можат.

Полицијата реагираше прилично бавно и немирите траеја скоро петнаесетина минути, но потоа страстите малку се смирија и мечот заврши со победа на градскиот ривал. 

Хулиганите на ЦСКА Софија не можеа да се помират со поразот на нивниот тим, имаа неколку жестоки разговори со официјалните лица и им се закануваа на играчите, но за среќа, целиот инцидент мина без посериозни последици. Единствен кој заработил удар во лицето бил делегатот на мечот, за што сигурно ќе следи сериозна казна за ЦСКА, која воедно остана и без пласман во евро-куповите.