• Горан Упале
Доаѓањето на Алберт Риера на клупата на Олимпија и прекинот на прес-конференцијата од страна на ултрасите е веста која што ја пренесе речиси секој спортски медиум на стариот континент.
Поранешниот шпански репрезентативец и екс играч на Манчестер Сити и Ливерпул, 40-годишниот Алберт Риера требаше да го наследи Роберт Просинечки на клупата на Олимпија, но навивачката група „Зелени змејови“ ја прекина прес-конференцијата и му порача на Шпанецот дека не е добредојден.
Albert Riera iba a ser presentado como DT del Olimpia Ljubljana de Eslovenia hasta que los ultras ingresaron a la sala y lo obligaron a irse. Los ultras no aprobaban la salida del ex entrenador. Tranqui. pic.twitter.com/nb4FFjqIlf
— Nahuel Lanzón (@nahuelzn) July 4, 2022
Навивачите на Олимпија го изразија своето незадоволство и од првиот човек на клубот, Германецот Адам Делиус. Ултрасите се разочарани од случувањата во Олимпија и одлуката на клубот да го замени Роберт Просинечки.