Хуан Мата со бизарен црвен картон: Манчестер Јунајтед загуби значајни бодови кај ВБА (ВИДЕО)

На последниот натпревар од 29 коло од Премиер лигата, ВБА го совлада Манчестер Јунајтед со 1-0 (0-0) и го прекина позитивниот момент на екипата на Ван Гал.

Во тврд натпревар, кој не изобилуваше со убави потези и шанси за гол, домаќините ја искористија предноста од играч повеќе и освоија три бода, со кои се искачија на 11. место на табелата. Моментот, кој го одлучи натпреварот беше црвениот каротн на Хуан Мата, кој најпрво заработи евтин жолт картон, откако се обиде да спречи брзо изведување на слободен удар, а подоцна заради старт врз Дарен Флечер беше исклучен.

Единствениот гол беше постигнат во 66. минута, откако Рондон одлично се снајде во шеснаесетникот на противникот, шутирајќи неодбранливо за предност на својата екипа. До крајот, „црвените ѓаволи“ направија се што можат за да стигнат барем до бод, но одбраната на екипата на Тони Пјулис беше на ниво на задачата. 

Поразот на Манчестер Јунајтед им донесе пад на табелата. Екипата на Ван Гал сега се наоѓа на шестото место, два бода зад Вест Хем Јунајтед и од место за излез во Европа.