Хуан Фелипе по само три месеци ја напушти Шкендија!

Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе не издржа долго во Шкендија и ја прекина соработката со тетовскиот клуб.

Поранешната ѕвезда на Вардар спогодбено го раскина договорот со „црвено-црните“ по само три месеци од новата сезона. Двете страни сметаат дека оваа одлука е во корист на фудбалерот, но и на екипата.

Проблемите на актуелниот шампион на Македонија немаат крај. На лошите резултати во тековната ПМФЛ сезона, сега се надоврза оваа неочекувана ситуација со Бразилецот.

31-годишникот ја започна кариерата во Санто Андре, а од ЦСКА Софија во 2015 година за првпат заигра во македонското првенство.