ОФИЦИЈАЛНО: Хуан Фелипе ја продолжува кариерата на Кипар

Поранешниот фудбалер на Вардар и Шкендија, Хуан Фелипе, наредната сезона ќе игра во кипарското првенство.

Со неговиот трансфер се пофали екипата на Еносис Неон Паралимни. Прволигашот во Бразилецот гледа иден лидер на тимот и важна алка во остварување на амбициите.

„Сигурни сме дека Фелипе е квалитетно засилување на екипата. Новиот член го очекуваме на Кипар во наредните неколку дена и му посакуваме добредојде“, стои во соопштението на клубот.

32- годишниот офанзивец имаше кратка авантура во Каират откако замина од Вардар, а потоа се врати во Македонија. Најпрво во Вардар, а потоа само неколку месеци ги бранеше боите на Шкендија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк