• Сашо Поповски
Екипата на Вардар загуби и на вториот меч во Лига Европа, овојпат на гостувањето кај Розенборг. Норвешкиот претставник се покажа како преголем залак за избраниците на Чедомир Јаневски, кои успеаја да го постигнат дебитантскиот погодок во европските натпреварувања за нашата земја.
Стрелец на истиот беше бразилскиот фудбалер Хуан Фелипе, кој со емотивна порака му го посвети на својот дедо, кој вчера го славеше својот роденден.
„Не го остваривме резултатот што го посакувавме, а јас постигнав убав гол, кој би сакал да го посветам на мојот дедо кој вчера славеше роденден. Те сакам дедо“ , напиша фудбалерот на Вардар на својот Фејсбук профил.
Следниот меч во групната фаза од Лига Европа, Вардар го игра на домашен терен против Реал Сосиедад.