Хрватско чудо од 17 години: Како стопер даде шест гола и сензационални „ножички“ (ВИДЕО)

Лука Вушковиќ, фудбалерот на Вестерло, не престанува да го привлекува вниманието на себе во белгискиот шампионат.

Вушковиќ, кој во Вестерло настапува како позајмен од Тотенхем, оваа недела беше стрелец во поразот на својот тим во дуелот со Клуб Бриж (4-3) во тамошното 20. коло од шампионатот.

Вестерло загуби, но голот на 17-годишниот хрватски стопер го одбележа тој натпревар. Хрватот погоди на стартот од вториот дел, откако маестрално со „ножички“ ја погоди противничката мрежа.

Тоа беше шести гол за Вушковиќ во лигата оваа сезона, што е импресивно со оглед на неговите години и позицијата што ја покрива.