Хрватскиот новинар го шокира светот: Ниту еден глас за победникот Лионел Меси

Меси Хрватска

Секогаш е интересно да се погледне како гласаа новинарите во изборот за „Златната топка“. Често може да се види дека некои се пристрасни и на својата листа ставаат фудбалери од својата земја.

Англичаните очекувано го фаворизираа Ван Дајк, а го сместија Стерлинг во најдобрите пет. Африканските земји несомнено гласаа за Мане, а Агуеро беше меѓу тројцата најдобри според аргентинските спортски работници.

Најголемо изненадување и воедно шок за фудбалскиот свет е листата на Хрватот Здравко Реиќ од „Јутарњи лист“. Негов прв фаворит е Кристијано Роналдо, а зад него се најдоа Алисон, Ван Дајк, Агуеро и Мбапе. Победникот Лионел Меси според него не заслужи да биде спомнат на самиот врв, и покрај фантастичната сезона која што ја остави зад себе.

На крај, дефанзивецот на Ливерпул за само седум гласа загуби во трката со аргентинскиот ас, кој по шести пат е крунисан за најдобар фудбалер на светот според „Франс Фудбал“.