• Иван Димовски
Комисијата на фудбалски судии при Фудбалскиот сојуз на Хрватска отвори дисциплинска постапка против судијата Тони Дадиќ и контролорот за судење Бруно Мариќ.
Оваа одлука е донесена по објавата од страна на „Бед Блу Бојс“ на приватни разговори на овие две официјални лица. Навивачите на Динамо Загреб објавија голем дел од разговор на Дадиќ и Мариќ, во кој се разговара на разни теми. Дадиќ е обвинет дека е навивач на Хајдук, а тоа и самиот тој не го крие.
Додека трае дисциплинската постапка овие двајца нема да бидат делегирани за натпревари во хрватскиот фудбал.
Дадиќ е млад 27-годишен судија кој почна да се пробива во ХНЛ, каде што сезонава беше делегиран седум пати. Сепак, оваа постапка ќе ја забави неговата кариера.