Хрватски репрезентативец со над сто настапи пристигна во Загреб

Шампионот на Хрватска во ракомет, Загреб, продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најново име во редовите на хрватскиот шампион е искусниот репрезентативец Марко Мамиќ.

Станува збор за 32-годишен лев бек кој зад себе има богата интернационална кариера и повеќе од сто настапи за националниот тим на Хрватска. Мамиќ во Загреб доаѓа од германскиот Лајпциг, каде настапуваше во изминатиот период. Ракометниот пат го започна во Мославина, а потоа настапуваше за швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, француски Данкерк, полски Кјелце и германски Лајпциг.

Во дресот на хрватската репрезентација освои бројни медали. Најголеми успеси му се сребрениот медал од Светското првенство во 2025 година и среброто од Европското првенство во 2020 година. Во својата колекција има и две бронзени европски одличја, освоени во Полска во 2016 година и Данска во 2026 година.

Мамиќ беше дел и од младинската селекција на Хрватска која го освои сребрениот медал на Светското првенство за јуниори во Унгарија во 2013 година.