Хрватски бегалец ќе го преземе ланскиот хит во српската Суперлига?

Поранешниот прв човак во Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, кој во моментов е бегалец од Хрватска, бидејќи беше осуден за грабеж од преку 300 милиони хрватски куни во клубот, би можел да се врати во фудбалот. 

Според голем број српски медиуми, Мамиќ би можел да се приклучи во сопствеништвото на тимот кој во минатата сезона на нашиот сосед, ТСЦ Бачка Топола. 

Клубот кој мината сезона во Суперлигата направи вистински „бум“ и се пласираше во квалификациите за Лигата на Европа, сега размислува во својата структура да го приклучи и човекот кој е меѓу главните за подигањето на Динамо Загреб.

ТСЦ е клуб кој работи со унгарски капитал, бидејќи бизнисмени од оваа земја решија на северот од Србија да вложат во клуб, па евентуално соединување со Мамиќ и финансиска соработка би можеле да го кренат нивото на екипата на највисоко ниво.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.