• Саше Љолес
Хрватската фудбалска федерација изрече жестока казна за Хајдук од Сплит, по големиот инцидент што се случи после куп-натпреварот со Динамо Загреб.
Хулиганите од „Торцида“ влетаа на теренот на „Пољуд“ и создадоа голем хаос, а воедно предизвикаа и тепачка со полицијата, по што беа уапсени неколкумина од нив. Стадионот официјално добива суспензија за сите сениорски екипи на Хајдук, а конечната одлука се очекува да биде донесена до крајот на неделава.
Се претпоставува дека федерацијата ќе забрани присуство на навивачи во следните неколку натпревари, а тоа може да значи дека Хајдук ќе игра без публика до крајот на тековната сезона. Клубот најверојатно ќе треба да плати и парична казна која допрва ќе биде утврдена.
Ова секако ќе биде голем удар за Хајдук, кој се бори за титулата во хрватското првенство, а најголеми конкуренти му се екипите на Ријека и Динамо Загреб.