Откако спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ соопшти дека нема да се продолжи соработката со Иван Перишиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во модерната ера се реши да проговори за несогласувањата во клубот.
Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ е слободен фудбалер, затоа што го раскина договорот со Хајдук од Сплит, соопштија од клубот. Крилото дојде како огромно засилување, надежите за титула се кренаа во Далмација, меѓутоа, ова е голем шок за фановите.
Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е една од главните фудбалски теми во Хрватска. Минатата недела на „Пољуд“ се крена голема врева, сите беа изненадени што Џенаро Гатузо го остави дома Иван Перишиќ за мечот во Загреб против Локомотива.
Иван Перишиќ е во центарот на вниманието на јавноста откако Џенаро Гатузо го исфрли од првиот тим на Хајдук пред гостувањето кај Локомотива. После тоа Италијанецот изјави дека Перишиќ побарал да си замине, а сега се појави неверојатната информација дека наводно бил контактиран од Барселона.
Херојот на Динамо Заграб, Стефан Ристовски се осврна на важната победа против Осијек. Во дербито од второто коло на СуперСпорт ХНЛ лигата, Динамо го победи Осиек со 1-2 и тоа со погодок на поранешниот македонски бек длабоко во судиското надополнување.
Џенаро Гатузо на теренот беше вистински воин, таков е и на клупата и бара максимална дисциплина од играчите. Во моментов тренер е на Хајдук од Сплит, а се реши на радикален потег.
Џенаро Гатузо имаше успешно деби како тренер на Хајдук. Сплитскиот гигант славеше победа над Славен Белупо во првото коло од хрватскиот шампионат и ги осигура трите бода со конечен резултат 2-1 (2-1).
Динамо Загреб со убедливи 5-0 против Истра ја отвори новата сезона во Хрватската прва лига. Стрелци за „модрите“ во мечот беа Ронаел Пјер-Габриел, Кевин Теофил-Кетрин, Арбер Хоџа и двоен стрелец беше Сандро Куленовиќ, додека три асистенции запиша Мартин Батурина.
Хрватскиот фудбалски гигант, сплитски Хајдук, очигледно има намера да создаде исклучително силен тим за следната сезона и конечно да го симне од тронот најголемиот ривал, Динамо Загреб.
Иван Ракитиќ направи помалку сензационален трансфер и премина во редовите на Хајдук Сплит, а спортскиот директор на клубот, Никола Калиниќ, изјави дека поранешниот играч на Севиља и Барселона допрва ќе сфати за колку голем клуб потпишал.
Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Дражен Бесек, будно ги следи случувањата во клубот од „Максимир“ и даде свое мислење за квалитетите на тимот, како и за случувањата на трансфер пазарот ова лето.
Хрватската фудбалска легенда Иван Ракитиќ првпат во својата кариера ќе заигра на клупски план во својата родна земја. Ветеранот по една полусезона во саудиски Ал-Шабаб ја прифати понудата од Хајдук Сплит и ќе заигра за еден од најпопуларните клубови во земјата.
Синоќа, некаде околу полноќ, поранешниот хрватски првак, Хајдук од Сплит, официјално го потврди трансферот на годината. Имено, Иван Ракитиќ е нов член на сплитскиот клуб и започна еуфоријата по еден од најголемите трансфери во историјата на ХНЛ.
Леонард Жута, поранешниот македонски репрезентативец, се враќа во хрватскиот фудбал. Искусниот лев бек во новата сезона ќе го носи дресот на Шибеник. 31-годишниот дефанзивец со Шибеник потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.
Иван Ракитиќ многу веројатно кариерата ќе ја продолжи во Хајдук, објави Фабрицио Романо, а пренесоа сите хрватски медиуми. Наводно зделката е договорена и претстои само официјализација. Легендарниот хрватски играч за врска би требало да потпише двегодишен договор со сплитскиот клуб. Клучни улоги во доаѓањето на Ракитиќ на „Пољуд“ имале тренерот Џенаро Гатузо, спортскиот директор Никола Калиниќ и Иван Перишиќ.
Босанскиот напаѓач Един Џеко е голема желба на управата на Хајдук од Сплит, па деновиве се очекуваат повеќе информации за неговата евентуална преселба во Хрватска.