• Потопениот терeн во Запрешич го елиминира Нестороски од Купот

    Илија Нестороски и неговиот Интер Запрешиќ се елиминирани од Купот на Хрватска по денешниот домашен пораз од шампионот Динамо Загреб со 0-1 (0-1). Нашиот интернационалец го одигра целиот четвртфинален меч по многу тежок терен, во кој доминираше калта и лошиот проток на топката. 

  • Нова истрага против Здравко Мамиќ

    Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, повторно е под истрага од УСКОК. Ова e трета истрага против претседателот на Динамо Загреб. Мамиќ, овој пат е под сомнение дека го оштетил клубот за 70 милиони куни.

  • Мостар „гореше“, а и со причина: Игор Карачиќ пречекан од илјадници навивачи

    Хрватските репрезентативци се вратија и го споделија бронзениот медал со навивачите. Илјадници луѓе ги пречекаа „коцкестите“ на плоштадот во Загреб.

  • Адеми на позајмица во хрватскиот четвртолигаш Кустошија!

    Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми уште од ноември 2015 година нема одиграно официјален натпревар. Тој по победата на неговиот тим Динамо Загреб против Арсенал во Лигата на шампионите, од страна на Дисциплинската комисија на УЕФА е суспендиран на четири години неиграње, поради користење на недозволени средства.

  • Зоран Мамиќ: Тешко е да се пронајде замена за Адеми

    Фудбалерите на Динамо Загреб ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната, а тренерот Зоран Мамиќ нагласи дека најголем проблем за нив е пронаоѓање адекватна замена за нашиот Аријан Адеми.

  • Видеотон со 400.000 евра го „лови“ Несторовски?

    Како што пишува хрватскиот портал „Гол“, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој моментално настапува за Интер Запрешиќ, најверојатно ќе стане нов член на унгарскиот прволигаш, Видеотон. Во овој клуб веќе втора сезона настапува уште еден македонски напаѓач, Мирко Ивановски.  

  • Музафер Ејупи со хируршка интервенција на коленото

    Фудбалерот на Славен Белупо, Македонецот Музафер Ејупи изврши мала операција на коленото, по која го очекува пауза од две недели. Тој операцијата ја направи поради болките кои ги чуствуваше во коленото и така настапуваше на последните натпревари. Со оглед дека минатиот викенд заврши есенскиот дел во хрватскиот шампионат, македонскиот интернационалец ќе има доволно време да се подготви за пролетниот дел. 

  • Нестороски е втор најдобар фудбалер во хрватската лига

    Членот на Интер Запрешич, Илија Нестороски е избран за втор најдобар фудбалер во хрватската лига, според гласањето на капитените во ова националнот првенство.

  • Нестороски со нови два гола во ремито на Интер

    Интер Запрешиќ на нашиот репрезентативец, Илија Нестороски, ремизираше 2-2 против составот на Загреб, во рамките на 20. коло од хрватскиот фудбалски шампионат.

  • Жута и Ристевски во полуфиналето на Купот на Хрватска

    Во четвртфиналето на Купот на Хрватска, екипата на Ријека за која настапуваат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута, и во возвратниот меч на гостински терен  ја совладаа екипата на Локомотива од Загреб со 1-0. Првиот меч заврши со 3-1 за Ријека и со вкупни 4-1, се пласира во полуфиналето.

  • Аријан Адеми ќе игра за четвртолигашот Кустошија!

    Според „Вечерњи лист“ од Хрватска, нашиот репрезентативец Аријан Адеми, додека е во исчекување на одговор на жалбата, ќе игра пријателски и официјални натпревари за четвртолигашот Кустошија, клуб кој има тесна соработка со првакот Динамо Загреб.

  • Ејупи со два гола најзаслужен за победата на Славен Белупо во Истра

    Во последниот натпревар од 19. коло во првенството на Хрватска, Славен Белупо на гостински терен ја совлада Истра со 2-0 (1-0). Стрелец на двата гола беше нашиот Музафер Ејупи, првиот во третата минута, а вториот за конечно потврдување на победата во 94. минута од пенал. Домашните фудбалери на мечот добија два црвени картони, Со двата постигнати гола, Ејупи стигна до осмиот погодок во сезоната, а на врвот на најдобри стрелци е уште еден македонски фудбалер, Илија Несторовски, кој за тимот на Интер Запрешич има 11 постигнато гола.

  • Хајдук „изгоре" во 94. минута на "Максимир"

    На „Максимир“, во Загреб, се одигра дерби дуелот на хрватскиот фудбал помеѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, во кој поуспешни беа домаќините, кои во драматична завршница го освоија целиот плен, триумфирајќи со 2-1 (1-1). „Модрите" поведоа веќе во 5. минута со голот на Фернадез, а гостите од Сплит изедначија на 1-1 во 17. минута со голот на Мијо Чакташ. Тоa беше резултатот со кој фудбалерите на двете екипи отидоа на одмор.

  • Колонија од балканци во Интер: Нов на листата е братот на Бланка Влашиќ

    Италијанскиот прволигаш, Интер од Милано е заинтересиран за уште еден фудбалер од балканските простори. Се работи за Никола Влашиќ, брат на познатата атлетичарка од Хрватска, Бланка Влашиќ. Моментално, Никола настапува за екипата на Хајдук. Клубот од Сплит го потврди интересот од страна на италијанскиот клуб.

  • Леонард Жута: Доколку Ријека би играла во Шведска, би била шампион

    Македонскиот фудбалски репрезентативец, Леонард Жута е позитивно изненадување за екипата на Ријека од Хрватска, тимот за кој договор потпиша во последните часови од летниот преоден рок. Со добрите игри во дресот на „белите“ од Ријека, Жута за кратко го привлече вниманието на хрватските медиуми. 

  • Нестороски стрелаше во поразот на Интер Запрешиќ

    Македонскиот репрезентативец, Илија Нестороски, повторно се најде во листата на стрелците за својата екипа. 25-годишниот напаѓач на Интер од Запрешиќ го постигна единствениот гол за својата екипа во поразот на домашен терен од екипата на Локомотива од Загреб.

Pages