Хрватите одушевени од ветеранот Несторовски: Македонецот гази на 36 години!
Илија Несторовски игра во фантастична форма и повторно го привлекува вниманието на хрватската фудбалска јавност. Македонскиот напаѓач блесна во победата на Славен Белупо над Ријека од 4-1, постигнувајќи два гола и потврдувајќи дека и на 36-годишна возраст има што да понуди на фудбалските терени.





