ВИДЕО: Хрватска се „чекира“ на СП, Холандија ја „преживеа“ Полска

Хрватска е првата и веројатно единствена балканска селекција која се избори за директен пласман на Светското првенство. „Коцкестите“ славеа со 3-1 на домашниот натпревар против Фарските Острови во Ријека, со што се одлепи на врвот во групата Л од мундијалските квалификации. 

Иако Фараните поведоа со голот на Тури, бргу потоа Јошко Гвардиол израмни на 1-1, резултат кој беше активен на полувремето. Во вториот дел Муса и Влашиќ донесоа пресврт-победа на Хрватите за „мирна глава“ во последната рунда. 

Во дербито на претпоследното коло од групата Г селекцијата на Холандија ремизира кај Полсја (1-1) и со тоа е речиси сигурен директен патник на Мундијалот. Полјаците мораа да победат за да ги задржат шансите за првото место, ги имаат и вака, но имаат за 13 гола полоша гол-разлика. Поведе домашната селекција во Варшава со голот на Камински, а за „лалињата“ стрела Мемфис Депај на стартот на вториот дел. 

Германците се одржаа на првата позиција во групата А, откако славеа потешко од очекуваното над Луксембург со 0-2. Победата на „панцерите“ им ја донесе Ник Волтемаде кој беше двоен стрелец во второто полувреме од средбата. Во оваа група директна битка за првото место ќе водат Германците против Словачка која тешко го скрши отпорот на Северна Ирска (1-0) со голот на Бобчек.

Црна Гора со пресврт стигна до триумф над Гибралтар и избегна срам. Домаќините поведоа преку Јесоп, додека Аџиќ и Крстовиќ во финишот на првиот дел донесоа пресврт (1-2).