Хрватска распиша потерница, Здравко Мамиќ се бара со Интерпол

Република Хрватска достави барање до Босна и Херцеговина за приведување на Здравко Мамиќ, долгогодишниот работник во Динамо Загреб, кој се гони за изнесување пари од клубот и предизвикување на штета од 116 милиони хрватски куни.

Судијата Дарко Крушлин го прогласи Здравко Мамиќ виновен за сите обвиненија и го осуди на шест и пол години затворска казна, а тој најави дека ќе ја обжали одлуката и замина во Босна и Херцеговина.

Судот издаде налог за распишување на меѓународна потерница и Мамиќ се бара преку „Интерпол“. Од Хрватска велат дека веќе е поднесен налог за апсење и на територијата на Европска унија (ЕУ).