Хрватска „под лупата“ на УЕФА, причина единствената фрлена петарда

Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори постапка кон Фудбалскиот сојуз на Хрватска. 

Се работи за случувања за време на натпреварот од првото коло во квалификациите за Европското првенство против Велс. Имено, дуелот на „Пољуд“ задоцни некоја минута, а покрај тоа во извештајот на делегатот е запишано и дека била фрлена една единствена петарда, поради која се отвори истрага. 

Хрватите на тој натпревар водеа од првиот дел со голот на Андреј Крамариќ, меѓутоа во третата минута на судиското продолжение Броадхед стрела за 1-1 и реми во Сплит.