ВИДЕО: Хрватска и Холандија во плеј-офот, нова бламажа на Французите

Холандија го одбрани домашниот терен и со еден погодок обезбеди три бода во дербито против Белгија (1-0). „Лалињата“ завршија на првото место во својата група и со тоа се пласираа во плеј-офот на Лига А. Ван Гал настапи со изменет тим, без Депај, Де Јонг, Де Лихт, Мален, но пак најде решение за соседите и вторпат ги совлада во ова натпреварување,

  • Холандија - Белгија 1-0:

Херој на домашната репрезентација беше Вирџил Ван Дајк. Столбот во одбраната скокна највисоко и со глава погоди во мрежата на гостите. Тој момент се случи во 73. минута и беше доволен за целиот плен да остане во Амстердам.

Во вториот натпревар од оваа група Полска минимално го освои Велс (0-1) со погодокот на Свидерски.

Хрватска и Данска победија на своите мечеви, па на крај „коцкестите“ го освоија првото место. Хрватите беа подобри од Австрија (1-3), додека Данците ја запечатија очајната групна фаза на Франција (2-0). Момците на Далиќ до победа стигнаа во вториот дел, кога на идентичен начин, со голови со глава на Ливаја и Ловрен стигнаа до победа на „Ернст Хапел“ во Виена.

  • Австрија - Хрватска 1-3: 

Групата Ц донесе триумф за Фарски Острови против Турција (2-0) и минималец за Луксембург во дуелот со Литванија (1-0). 

Состави

Луј ван Гал

3-4-3

    Роберто Мартинез

    3-4-3