Хрватска го продолжи континуитетот: Ќе игра на шесто ЕП во низа! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Хрватска ја оствари мисијата, дома ја победи Ерменија (1-0) и се пласира на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година во Германија. Така, „коцкестите“ го продолжија континуиетот на големите настани.

Само Светското првенство во 2010 година е голем настан кој Хрватите го пропуштија од 2000 година па наваму. ЕП 2024 во Германија ќе биде шестото континентално првенство во низа за „коцкестите“ кое ќе го играат. Местото за Хрватите на собирот го донесе Анте Будимир кој реализира во 43. минута.

Од целата ситуација извиси Велс, кој дома одигра 1-1 со Турција и ќе патува во баражот за Европското првенство. Турците поради бодот со Островјаните завршија како првопласирани во групата во која е и Хрватска, која е втора.

Романија во директна пресметка за врвот во групата дома со 1-0 ја победи Швајцарија и така според досегашните математики ќе се најде во вториот шешир на ЕП 2024.

Грција и Франција во безначаен дуел одиграа 2-2, Холандија очекувано го торпедира Гибралтар (6-0), а Израел освои три бода кај Андора (2-0). Косово дома изненадувачки загуби од селекцијата на Белорусија (0-1).

Состави

Златко Далиќ

4-3-3

    Олександар Петраков

    4-3-3