Хрватска е најмалата држава која обезбедила финале по Уругвај во 1950 година

Репрезентацијата на Хрватска испиша нова историја на Светските првенства со пласманот во големото финале на Мундијалот во Русија.

Англија се надеваше дека конечно ќе обезбеди пласман во финалето, поведе со голот на Трипие, но во вториот дел најпрво Перишиќ израмни на 1-1, а Манџукиќ во продолженијата го уништи англискиот, а го разгори хрватскиот сон.

Воедно Хрватска е најмалата држава која успеала да се пласира во едно финале на Мундијалите, со околу ЧЕТИРИ милиони жители. Пред нив тоа го направи Уругвај, кој обезбеди финале во 1950 година, а има околу 3,2 милиони жители.