ВИДЕО: Хрватот Ерлиќ трагичар, Сасуоло испушти победа кај Сампдорија

Екипите на Сампдорија и Сасуоло со реми со по два постигнати гола го отворија претпоследното коло во италијанската Серија А (2-2).

Дуелот во Џенова започна со отворена игра на двете страни и дури три гола во воведните единаесет минути. Први на погодок се радуваа домашните фудбалери, откако Габиадини погоди во осмата минута, но гостите реагираа експресно и целосно го свртеа резултатот.

Веќе во првиот напад по примениот гол, Доменико Берарди стрелаше за 1-1, а две минути подоцна Матеус Енрике го комплетираше пресвртот и донесе водство за Сасуоло од 1-2, резултат со кој заврши првото полувреме. 

Во вториот дел се водеше голема битка на „Луиџи Ферарис“, двете екипи имаа свои шанси за нов погодок, а трагичар на натпреварот беше хрватскиот дефанзвиец Мартин Ерлиќ, кој во 78. минута си постигна автогол за конечни 2-2.

  • Извештај од натпреварот: 

Во последното коло Сампдорија ќе се сретне со шампионот Наполи, додека Сасуоло пред својата публика ќе го пречека тимот на Фиорентина.

Состави

Дејан Станковиќ

3-4-1-2

    Алесио Дионизи

    4-3-3