Хрватите стравуваат од казна, ФИФА отвори постапка поради дискриминација

Светската фудбалска куќа (ФИФА) отвори постапка кон Фудбалскиот сојуз на Хрватска поради случки на средбата за третото место на Светското првенство. 

Според информациите, се разгледуваат потенцијални кршења на правилата 13 и 16 од дисципллинскиот кодекс кои се однесуваат на дискриминација. ФИФА наводно навела снимка на која репрезентативците на Хрватска пеат песни со националистички елементи, што е забрането. Хрватската јавност стравува од казна која би била веројатно парична. 

Досега поради непримерно однесување на Мундијалот парични санкции заработија Еквадор, Србија и Мексико, а се разгледува и Аргентина поради однесувањето на поединци по освоената титула во Катар.