Хрватите се луди по фудбалот: Побарале над два милиони билети за ЕП

Во јуни нè очекува ново големо фудбалско натпреварување – Германија ќе биде домаќин на Европското првенство, за кое има рекорден интерес.

Целосната продажба и дистрибуција на билетите за ЕП 2024 ја организира УЕФА, а од Хрватскиот фудбалски сојуз информираат дека имало огромен интерес од страна на нивните фанови – биле побарани повеќе од два милиони билети за натпреварите на „ватрените“.

„Нагласуваме дека официјално ќе биде одобрена само платформата за препродажба на билети на УЕФА и дека сите други канали за купување се неовластени и како такви небезбедни за клиентите.

Препорачуваме внимателност, мудрост и посебно внимание на сите фанови за да не станат жртви на шпекуланти и измамници“, се вели во соопштението на ХФС.

Хрватска во групната фаза на собирот во Германија ќе се судри со Италија, Албанија и Шпанија.