Хрватите позајмија ВАР-систем за „битката“ на Динамо, Ријека и Хајдук

Хрватската фудбалска федерација обезбеди дополнителен ВАР-систем за сите најважни мечеви од последното коло во домашниот шампионат, а целта е поголема транспарентност во клучните моменти. 

Три екипи се во игра за шампионската титула, а уште три се борат за четврото место, кое води во квалификациите за евро-куповите. Динамо, Ријека и Хајдук се во игра за највредниот трофеј, па затоа сите мечеви ќе се одиграат во ист термин. 

Хрватската федерација има на располагање три ВАР-системи во моментов, па затоа беше приморана да „позајми“ уште еден од Полска. Сите мечеви од последната рунда во ХНЛ ќе се одиграат на 25 мај во 17:00 часот.