ФОТО: Хрватите од радост ги „згазија“ фоторепортерите по голот на Манџукиќ!

Кога Марио Манџукиќ на крајот од првото продолжение го постигна победоносниот гол на хрватската репрезентација против Англија, „коцкестите“ лудо се израдуваа баш пред сегментот каде што се наоѓаа хрватските навивачи.

Сите скокнаа над стрелецот, а најдебелиот крај го извлекоа фоторепортерите кои мораа да спасуваат жива глава од 20 еуфорични Хрвати кои скокаа над нив. Нема повредени фоторепортери, а Хрватите ветија дека ако опремата е оштетена, ќе ги сносат трошоците.

Преку 10.000 гледачи од Хрватска пристигнаа во Москва и присуствуваа на најголемата победа на хрватската репрезентација.