• Горан Упале
Фудбалската селекција на Хрватска, по незаборавниот настап на Светското првенство во Катар, со неочекувано реми ги стартуваше настапите во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Со голем бод од „Пољуд“ си замина аутсајдерот Велс, откако Бродхед донесе молк на трибините во Сплит и погоди за конечни 1-1. Претходно, водство за балкансата селекција донесе напаѓачот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ.
Но, во очите на многумина виновник за неуспехот на Хрватите е токму Крамариќ. Беше означен за лоша реакција во финишот на првото полувреме, кога пропушти шанса да му ја додаде топката на Иван Перишиќ, кој беше сам во гол шанса. Фудбалерот на Тотенхем по таа акција беше крајно лут на својот колега од репрезентацијата. На теренот го пцуеше со зборовите „Ajde u k***c, je*te“.
Казната за сите пропуштени шанси стигна во 93. минута. Бродхед погоди за конечни 1-1 од единствената шанса што ја создадоа гостите на овој натревар.
Во следното коло, кое се игра во вторник, Хрватска гостува кај репрезентацијата на Турција.