ВИДЕО: Хрватите главни во Интер - Лаутаро сакаше да го шутира пеналот, но...

Екипата на Интер одигра реми без голови на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, а најдобрата шанса за гол „нераѕурите“ ја имаа во првиот дел и тоа од пенал.

Интер доби шанса да шутира од белата точка во еден прекршок во казнениот простор, а одговорноста ја презеде Марсело Брозовиќ, но не погоди.

Ситуацијата можеше да биде поинаква, да не „владееја“ Хрватите во Интер. Ударот од белата точка сакаше да го изведе Лаутаро Мартинез, но,Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ не му дозволија.

Интер и Ајнтрахт Франкфурт ќе играат реванш на „Џузепе Меаца“ за седум дена и истиот ќе го даде патникот во наредната рунда на Лига Европа.