Хрват со одлична посвета за Модриќ: Ја истетовира историската „Златна топка“

Модриќ тетоважа

Новиот освојувач на „Златната топка“, Лука Модриќ, е херој меѓу својот народ, кој го слави првиот фудбалер од Хрватска кој се искачил на врвот на светскиот фудбал.

27-годишниот Јосеф Фрањиќ, кој живее и работи во Австралија, направи мал гест во чест на својот идол. На својот стомак истетовира како хрватскиот фудбалски херој ја подигнува престижната награда и тоа пред свечената церемонија во Париз на 3 декември.

„Уште кога заврши Светското првенство во Русија, знаев дека Лука ќе ја освои „Златната топка“. Затоа, во септември отидов и ја ставив оваа тетоважа.

Уште од неговите настапи во дресот на Динамо Загреб, тој стана мој идол. Лавеци на себе го истетовира Марадона бидејќи тој за него е Бог, па затоа решив и јас истото да го направам со нашиот Лука“ , рече Фрањиќ.

Модриќ ја прекина десетгодишната доминација на Роналдо и Меси и беше прва ѕвезда оваа недела во Париз.