• Горан Упале
Хрватските медиуми пред извесен период пишуваа дека Абердин е еден од клубовите кои се заинтересирани на кормилото на својот прв тим да го ангажираат Жељко Шопиќ, тренер кој минатата сезона ја спаси Горица од испаѓање, а сега ја предводи Риека до врвот на ХНЛ.
Шкотите неодамна го отпуштија Нил Ворнок, по лошите резултати на тимот под водство на легендарниот англиски тренер. Сепак, Шопиќ изјави дека моментално не е заинтересиран за преселба на Островот, односно во тимот каде што блеска нашиот напаѓач Бојан Миовски.
„Таму постојано врне, а тоа воопшто не е добро за мојата фризура“, во негов стил изјави Шопиќ, кој нема ни влакно коса.
Шопиќ минатата сезона беше творец на големо чудо со Горица, а оваа сезона ја одведе Ријека на врвот на хрватскиот фудбал.