Хрват на радарот на Барса: Петковиќ го менува Суарез!?

Бруно Петковиќ

Луѓето задолжени да пронајдат ново решение за нападот на Барселона зборуваат дека време е да се бара замена за Луис Суарез.

Уругвајскиот напаѓач полека ја завршува кариерата на „Камп Ноу“, па екипата очекувано бара алтернатива за иднината. Спортскиот директор Ерик Абидал беше во Ријека каде следеше настап на еден хрватски напаѓач.

Се работи за Бруно Петковиќ, кој постигна погодок во победата на „коцкестите“ во дуелот со Словачка. Моментално тој е дел од Динамо Загреб, но сигурно не би имал ништо против да замине во Шпанија. 

Сериозен конкурент ќе му биде Лаутаро Мартинез од Интер, кој игра во фантастична форма за калчолигашот.