Христов: Посакуваме цел „плен“ против квалитетниот Кожуф

Фудбалерите на Кит-Го Пехчево според планот ја отвори новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и по осум одиграни кола ја зазема 4. позиција на табелата со девет освоени бодови.

Следен предизвик на момците на Емил Грнев е тимот на Кожуф, а во таборот на Кит-Го владее позитивна атмосфера и се верува во позитивен скор од ова дерби во Гевгелија. 

„Максимално сериозно пристапуваме на овој натпревар. Посакуваме освојување на целиот „плен“ против исклучително квалитетен противник како што е екипата на Кожуф. Не е никаква тајна дека добро се познаваме со противникот, имаат искусни квалитетни фудбалери кои секако ќе атакуваат на трите бода. Но, ние ниту ги преценуваме ниту ги потценуваме, размислуваме само околу тоа како ние ќе одиграме“, вели дефанзивецот Оливер Христов.

На последните пет меѓусебни натпревари Кит-Го може да се пофали со повеќе победи (2), додека гевгеличани славеле на само еден, а два завршиле без победник.