Христијан Георгиевски замина од Струга и се пресели во Словенија

Македонскиот фудбалер Христијан Георгиевски ќе ја продолжи кариерата во Словенија, поточно во екипата на Нафта 1903. 

21-годишниот фудбалер за врска по една сезона во редовите на Струга со која стана шампион на ПМФЛ, сега се пресели во словенечкото првенство. Минатата сезона во мак-фудбалот Георгиевски одигра 22 натпревари. 

Во својата кариера Христијан Георгиевски како младо момче од Работнички се пресели во МТК Будимпешта, беше дел од У19 и Б-тимот, а потоа во 2022 се врати во Македонија и заигра во Скопје. Зимата 2023 година Георгиевски се пресели во Силекс, а по полусезона стана член на Струга Трим Љум. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.