Христијан Драгарски замина од Пелистер, ја засили Теута од Албанија

Дефанзивецот Христијан Драгарски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Теута од Албанија, по сезона ипол во третиот мандат во Пелистер. 

Битолчанецот кој настапува на стоперската позиција договори едногодишна соработка со Теута. Оваа екипа одработува подготовки во Охрид, за двомечот во првото претколо за пласман во Лигата на шампионите со Шериф Тираспол. 

Драгарски пристигна во Пелистер од Струга, а претходно освен овие две екипи настапуваше за Победа, Младост Царев Двор, Радник и Конкордиа.