Христијан Денковски на проба во шведски Јунгшиле

Македонскиот интернационалец Христијан Денковски во моментов се наоѓа во Шведска, каде тренира и работи со Јунгшиле и ако ги исполни очекувањата ќе потпише договор.

27-годишниот играч од средниот ред последната сезона ја мина во Црна Гора каде го носеше дресот на Грбаљ. По разделбата со тимот, може да продолжи во шведската фудбалска трета лига, во редовите на Јунгшиле.

Јунгшиле е некогашен прволигаш, а сега игра во Третата лига - Југ, каде по осум кола има четири победи, едно реми и три порази, па се наоѓа на петтата позиција на табелата.

Денковски во кариерата покрај за Грбаљ играше и за Беласица, Македонија ЃП, Пелистер, Вардар и Работнички на домашната сцена, како и за Гронинген (Холандија), Триглав (Словенија), Азуага и Фериоленсе (Шпанија) и Гулкам Керала (Индија).

Најнови вести од
1. Дивизија Југ, Шведска