ВИДЕО: Храбриот Мец не издржа, Лил го слави резервистот Араухо

Араухо

Фудбалерите на Лил запишаа победа во третото коло од француското првенство на домашен терен против Мец (1-0).

Гостите имаа неколку сериозни прилики и беа многу опасни по домашниот гол. И покрај тоа на крај си заминаа дома со празни раце, примајќи го единствениот погодок на натпреварот.

  • Извештај од натпреварот: 

Лил беше подобар противник во вториот дел, но никако не можеше да го отвори резултатот. Бараше пенал во 70. минута кога еден гостински фудбалер играше со рака, но главниот судија не се одлучи за најстрога казна.

Екипата предводена од Кристоф Готие го „скрши противникот“ дури во 89. минута. Резервистот Луис Араухо ја заврши одличната акција на левата страна и донесе домашна радост.