Хорор повреда за Матеј Цветаноски, следува долга пауза за Македонецот

Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски доживеа сериозна повреда на натпреварот помеѓу Железничар од Сараево и Слога Добој, кој се игра во рамки на босанскиот Куп. 

Цветаноски се повреди по стартот на противничкиот играч Мандиќ, по што остана да лежи на тревата во големи болки. Веднаш реагираше брзата помош, која го одвезе фудбалерот во најблиската болница. 

Потврдено е дека се работи за скршеница на ногата, која сигурно ќе го оддалечи долго време од фудбалските терени. Цветаноски пристигна во „Жељо“ минатата година, а сезонава настапи на 24 натпревари и постигна три гола.