• Иван Димовски
Францускиот прволигаш Рен промовира интересно име за својата клупа, откако се раздели со Жулиен Стефан кој заработи отказ.
Нов тренер на тимот е Хорхе Сампаоли. Искусниот аргентински стручњак ја доби довербата на управата на Рен и ќе го поведе тимот во следните предизвици. Тој стави потпис на договор до 2026 година.
Во својата кариера Сампаоли ги водеше екипите на Севиља, Олимпик Марсеј, Сантос, Фламенго, Атлетико Минеиро, а беше и селектор на Аргентина и Чиле.
Рен котира на средината на табелата, но во долниот дел. Клубот е 13. со 11 бода, а амбициите се поголеми.