• Горан Упале
Последното коло од данската Суперлига донесе вистинска драма во борбата за титулата, на крајот Мидтјиланд по четврти пат во историјата стана шампион, додека на стадионот на Брондби се тагуваше.
А Брондби беше тој што имаше сè во раце, победа над Архус ќе му ја гарантираше титулата затоа што имаа ист број бодови со Мидтјиланд, но подобар меѓусебен скор. Сепак, Архус направи чудо и на крајот славеше со 3-2, расипувајќи им ја прославата на навивачите на Брондби кои буквално ги обоија трибините во жолто подготвувајќи се за шампионската прослава.
За тоа време Мидтјиланд одигра уште полуд натпревар со Силкеборг – на полувремето губеше со 0-2, но во продолжението направи пресврт и поведе со 3-2. Сепак, гостите успеваат да израмнат и со тоа да му ја олеснат работата на Брондби, на кој му остана само да израмни против Архус.
Но, тоа не се случи. На крајот голема прослава на стадионот на Мидтјиланд и тага кај играчите и навивачите на Брондби.