Холандското дерби одложено од бизарни причини, Феенорд и Ајакс нема да играат викендов

Холандското дерби на два од трите најпопуларни клуба нема да се игра овој викенд. 

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, најави дека натпреварот меѓу Феенорд и Ајакс нема да се одигра како што е закажано викендов. Причина е штрајкот на полицискиот синдикат, кој сака да ги подобри условите за работа.

„Ова е одлука што ја донесов по консултација со органите на редот. Без интервенција на полицијата не може да се гарантира безбедноста на играчите и на јавноста“, изјави градоначалникот на Ротердам.

Дерби средбата меѓу Феенорд и Ајакс требаше да се игра на први септември од 14:30 часот на стадионот „Де Кујп“, но токму поради овие причини средбата е одложена и ќе се чека нов тернин за играње на ова големо дерби во Холандија.