• Горан Упале

Одигра перфектна групна фаза, извојува три победи од исто толку натпревари, но се „сопна“ уште на првата пречка во елиминационата фаза. Холандија како голем фаворит истрча на терен против Чешка, но на крај „лалињата овенаа“ на „Пушкаш Арена“ и ги завршија настапите на континенталниот собир (2-0).
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Глупоста на Де Лихт ѝ пресуди на Холандија, Чешка избори четвртфинале!
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Каква глупост на Де Лихт, играше намерно со рака и доби црвен картон со Чешка
По натпреварот во Будимпешта селекторот Франк де Бур беше мета на критики од холандската јавност, а особено шокирани беа поранешните асови на селекцијата Весли Снајдер и Рафаел ван дер Варт.
„Екипата добива црвен картон, а вие како селектор одлучувате да го замените единствениот опасен и најдобар играч на националниот тим. Можеше ли некој да му каже да не го прави тоа?! Стилот на игра на Холандија не е 5-3 -2, таа формација не ни носи успеси“, изјави Ван дер Варт.
Поблаг со критиките не беше ниту Снајдер, кој рече:
„Вајналдум? Ниту еднаш не го видов денес. Дали е тоа нашиот капитен? И таа замена... Јас никогаш не би го извадил од игра Мален. Страшно“.
Холандија во групата славеше сигурни победи над Австрија, Украина и Македонија, но против Чешка целосно потфрли и заслужено ги заврши настапите на континенталниот собир.