Холандската легенда: Англија е ср*ње, играчите се квалитетни – а не ги мрдаат задниците од своја половина

Не стивнуваат реакциите и критиките кон репрезентацијата на Англија и покрај нешто подобрата партија против Холандија (1-2) во полуфиналето на Европското првенство. Реалноста е таква што Англичаните имаат најквалитетен ростер, меѓутоа не покажаа премногу на играчки план. 

Во низата на критики се приклучи и легендата на Холандија, Рафаел ван дер Варт. Тој ги критикуваше и фудбалерите на својата репрезентација, но далеку повеќе англиските. 

„Англија е ср*ње од репрезентација. Имаат врвни играчи, а играат така лошо, како да не им се прави ништо. Не покажа ниту Холандија премногу, мораше повеќе. 

Сепак, Англичаните имаат таков квалитет и покрај тоа не ги мрдаат своите задници од својата половина. Тажно е“, прокоментира Ван дер Варт.

И покрај бледата игра, Англија в недела ќе се судри со Шпанија за трофејот на Европското првенство.