Она што не им успеа на Реал и Јуве, на ПСВ Ајндховен и Феенорд, вечерва им појде од нога на фудбалерите на Вилем 2. Ајакс конечно е совладан во Ередивизие. Во првиот натпревар од 13. коло, гостите од Тилбург ја освоија „Јохан Кројф Арена“, победувајќи ги „копјаниците“ на Тен Хаг со 0-2 (0-1).