Фудбалерите на ПСВ Ајндховен го освоија трофејот од Купот на Холандија, откако по подобро изведување пенали го совладаа Ајакс - 1-1 (3-2). Во реприза на минатогодишното издание на Купот, кое традиционално се игра на стадионот „Де Кујп“ во Ротердам, беше видена вистинска драма.