Мораа да изгубат за да играат плеј-оф, навивачите славеа голови на ривалот!
Необична и неверојатна ситуација ја одбележа завршницата од регуларниот дел во холандската втора лига, каде што системот на натпреварување повторно се најде под жестоки критики поради своите нелогичности. Во последното коло од Ерсте Дивизие, екипата на Ден Бош успеа да избори пласман во плеј-офот за влез во елитата, иако го загуби својот натпревар. Токму поразот беше неопходен услов за да остане во игра за доигрување.