ВИДЕО: Холандија дебитираше со десет гола, Бразилките ја декласираа Кина

Едно изненадување и многу голови го окарактеризираа првиот ден на женсккиот олимписки фудбалски турнир во Токио. Холандија ја декласира Замбија со 10-3 (6-1) и постави апсолутен рекорд по бројот на постигнати голови на олимписки турнир во женска конкуренција.

Миедема постигна четири од десетте гола за Холандија и веќе изби на врвот на листата на стрелците. Во истата група Ф, Бразил ја надигра Кина со 5-0. Австралија го победи Нов Зеланд со 2-1, а Јапонија и Канада ремизираа 1-1.

  • Бразил - Кина 5-0: 

Американките на Влатко Андоновски неочекувано лесно загубија од Шведска со 3-0, што е прв пораз за американскиот национален тим под Андоновски и прв пораз по 44 натпревари на оваа селекција-фаворит за освојување на златото.

Утре изутрина започнува машкиот фудбалски турнир, а златото го бранат Бразилците.