ВИДЕО: Холандија чекира виза во Катар, Турците ќе разигруваат за СП!

Фудбалската репрезентација на Холандија го одбрани „Де Кајп“ од Норвешка и со победа (2-0) го осигура првото место и патува директно на Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар.

  • Холандија - Норвешка 2-0:

Норвежаните скапо го платија киксот со Летонија во претходната рунда. Мораа да одат на победа во Холандија за место на СП 2022, меѓутоа без најдобриот играч Ерлинг Халанд немаа сила за такво нешто.

Домашниот фаворит си ја реши задачата со еден гол, а болката за отсуството на Халанд, Норвешка ја почувствува без ниеден шут во рамки на голот на „лалињата“. Победата ја најави Бервијн во 84. минута, додека точка стави Мемфис Депај во 91. минута.

Турција се радува на бараж затоа што победи кај Црна Гора (1-2). Домаќинот преку Фатос Беќирај поведе уште во 4. минута, но прво Актуроглу, а потоа и Кокчу, стрелаа за пресврт на селекцијата на Кунц и донесоа голем резултат, тоа е место во доигрувањето за СП 2022.

  • Црна Гора - Турција 1-2:

Турците во баражот ќе бидат во друштво на Македонија, меѓу неносителите.

Состави

Луј ван Гал

4-3-3

    Staale Solbakken

    4-3-3