• Саше Љолес
Манчестер Јунајтед се спаси од нов пораз и успеа да освои бод кај Борнмут со голот на Рамус Хојлунд во 96. минута во натпреварот од 34. коло на англиската Премиер лига.
Стрелец на првиот погодок на натпреварот беше Антоан Семењо во 23. минута, а оваа предност домаќинот ја задржа и на паузата меѓу двете полувремиња. Јунајтед имаше бројчана предност во вториот дел откако Еванилсон беше исклучен во 68. минута и силно притисна за израмнувачки гол.
Големата опсада на гостите траеше долго, Борнмут се бранеше со сите сили, но потклекна дури во 96. минута кога Расмус Хојлунд донесе огромна радост за своите навивачи и ги постави конечните 1-1 на натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Во следното коло „ѓаволите“ ќе гостуваат кај екипата на Брентфорд, додека Борнмут ќе патува во Лондон на меч против Арсенал.