Хојлунд: Ќе бидеме многу подобри кога ќе се навикнеме на стилот на Аморим

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, изрази задоволство од победата над Викторија Плзен во Лига Европа и им порача на сите навивачи да бидат трпеливи кога се работи за подобрувањето на формата на тимот. 

Данецот влезе во второто полувреме и токму тој беше заслужен за пресвртот на „ѓаволите“, а по мечот изјави дека на тимот му е потребно уште малку време за да се навикне на новиот тренер, Рубен Аморим. 

„Можеби можевме да одиграме и подобро, но сепак сум задоволен од победата над Плзен. Имаме нов тренер, кој дојде со нови тактички замисли. Мислам дека ни е потребно малку време за да се навикнеме на стилот на Аморим.

Тој е млад, полетен и одличен тренер. Ќе растеме етапно, чекор по чекор. Ги молам навивачите за трпение, ветуваме дека ќе се подобриме во блиска иднина“, изјави Хојлунд. 

Јунајтед има 12 бода и ја зазема седмата позиција во Лига Европа, а во следното коло ќе се соочи со славниот шкотски клуб, Глазгов Ренџерс. 

Состави

Miroslav Koubek

3-4-2-1

    Рубен Аморим

    3-4-3